Како се грижиме нашите клиенти и нашите производи да бидат безбедни од COVID-19

Нашата компанија ги има превземено сите мерки за заштита при работа со храна и COVID-19, ги имаме имплементирано "HACCAP" стандардите, а во нашето тековно работење се водиме според "4C" принципите за работа со храна. Нашиот персонал го информиравме и обучивме за заштита од ризиците од COVID-19, а заштитни маски и средства за дезинфекција се дел од новововедените принципи на работа. Имаме наплата со картички и терминали кои овозможуваат "Contactless" технологија на наплата.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА МАРКТ ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ

ШТО Е МАРКТ ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ?

Друштво за трговија и услуги МАРКТ ОРГАНИК ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје, со ЕМБС 7244290, (во понатамошниот текст: “МАРКТ”) со намера да ја изрази својата благодарност за укажаната довербата од своите верни потрошувачи одлучи да воведе МАРКТ Програмата за лојалност и да понуди определени поволности кои потрошувачите можат да ги остварат со користењето на МАРКТ картичката. Под терминот продажни места во овој текст се подразбираат продажните места на МАРКТ лоцирани на: -----

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД МАРКТ ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ?

Во МАРКТ Програмата за лојалност се пристапува бесплатно со пополнување и потпишување пристапница во една од продажните места на МАРКТ или електронски преку регистрација на www.markt.mk. По поднесувањето на пристапницата односно по регистрацијата на нашата веб страна ќе добиете e-mail/порака на контактот што сте го навеле, во која ќе добиете бар код и сериски број на Вашата МАРКТ картичка. Во моментов МАРКТ картичките се издаваат единствено во електронска форма а погодностите од МАРКТ Програмата за лојалност можат да се користат со наведување или приложување на баркодот и серискиот број на Вашата МАРКТ картичка на каса во нашите продажни места. Нивото на погодности кои Корисниците можат да ги добијат зависат од категоријата на производи како и обемот на трансакции на Корисникот согласно графичкиот приказ даден подолу: (вметнете графички приказ – табела во која ова детално ќе биде објаснето)

КОГА И КАКО СЕ СОБИРААТ И КОРИСТАТ ПОЕНИ?

Поените се собираат при секоја трансакција на продажните места на МАРКТ и се пренесуваат на Вашата лична сметка на МАРКТ картичката. При плаќањето на Вашата сметка треба да го информирате нашиот вработен на каса дека поседувате МАРКТ картичка и истата да ја наведете/приложите за евидентирање поени од таа трансакција. Доколку сакате да ги користите поените, при плаќањето на сметката, однапред треба да го известите нашиот вработен дека сакате да платите со стекнатите поение со што Вашата сметка ќе се намали пропорционално за износот кој може да се плати со поените. Поените се собираат кумулативно во период од 24 месеци и тоа од почеток до крајот на календарска година.

По изминувањето на 24 месеци Вашите неискористени поени се бришат, односно не можат повеќе да се искористат, и почнува период кога се собираат одново. Најмалку еднаш месечно, на Вашата e-mail адреса, ќе бидете известени за тековната состојба односно поените на Вашата МАРКТ картичка. Со најава на www.markt.mk со Вашето корисничко име и лозинка, во секое време може да извршите проверка на тековната состојба односно поените на Вашата МАРКТ картичка. Доколку сакате да се информирате за поените на Вашата МАРКТ картичка тоа може да го сторите на каса во нашите продажни места.

ОГРАНИЧУВАЊА

Членството во МАРКТ Програмата за лојалност е наменето за лица со наполнети 18 години. Корисниците се одговорни за точноста на податоците наведени во пристапницата односно наведени при регистрација за добивање на МАРКТ картичка. Поените можат да се искористат единствено за купување на производи од продажните места на МАРКТ. Стекнатите поени не можат да се заменат со готовина. Корисникот не може да стекне поени за делот од сумата што е платен со поени. Поените не можат да се подарат, префрлат, или поинаку да бидат расположиви за трети лица, освен за корисникот на Маркт картичката. МАРКТ нема да биде одговорен во случај на неовластено користење, умножување, губење, или било каков вид на злоупотреба на Вашата МАРКТ картичка. Доколку ја изгубите Вашата МАРКТ картичка или имате било какви сознанија за злоупотреба, Ве молиме неодложно да не известите на loyalty@markt.mk и да поднесете писмено барање за блокирање на изгубената МАРКТ картичка.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со регистрација во МАРКТ Програмата за лојалност , Корисникот дава согласност за собирање и обработка на лични податоци од страна на МАРКТ за целите на издавање на МАРКТ картичка, пресметување и ажурирање на податоците и известување на субјектот за тековната состојба за користење на поволностите кои произлегуваат од членството односно за добивање на информации за новости, промоции и акции. Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од страна на Корисникот во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на loyalty@markt.mk или на Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, личните податоци на Корисникот ќе бидат избришани, а МАРКТ картичката ќе биде поништена и ќе престане да важи.

ПРИФАЌАЊЕ И ИЗМЕНА НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ

Со регистрација за членство во МАРКТ Програмата за лојалност, односно добивање и користење на Маркт картичката се смета дека се согласувате и ги прифаќате овие Правила и услови.
МАРКТ го задржува правото еднострано да ги измени и ажурира Правилата и условите на МАРКТ Програмата за лојалност, без согласнот на Корисникот, објавувајќи ги новите правила и услови на веб страната на МАРКТ - www.markt.mk. Доколку корисникот продолжи со користењето на својата МАРКТ картичка по објавувањето на измените и/или дополнувања на овие Правила и услови, се смета дека ги прифатил и се согласува со сите измени и/или дополнувања на Правилата и условите. МАРКТ има право да ја прекине МАРКТ Програмата за лојалност со претходно известување по е-пошта или на својата веб страна.

КОНТАКТ

Доколку имате било какви прашања или сакате да не контактирате обратете ни се електронски на: loyalty@markt.mk или пак по пошта на:
Друштво за трговија и услуги МАРКТ ОРГАНИК ДООЕЛ Скопје
Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје

Објавено на 31.01.2020