Како се грижиме нашите клиенти и нашите производи да бидат безбедни од COVID-19

Нашата компанија ги има превземено сите мерки за заштита при работа со храна и COVID-19, ги имаме имплементирано "HACCAP" стандардите, а во нашето тековно работење се водиме според "4C" принципите за работа со храна. Нашиот персонал го информиравме и обучивме за заштита од ризиците од COVID-19, а заштитни маски и средства за дезинфекција се дел од новововедените принципи на работа. Имаме наплата со картички и терминали кои овозможуваат "Contactless" технологија на наплата.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност се однесува на начинот на кој Друштво за трговија и услуги МАРКТ ОРГАНИК ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје, со ЕМБС 7244290, (во понатамошниот текст: “МАРКТ”) врши обработка на личните податоците преку членство во МАРКТ Програмата за лојалност како и при посета на веб страницата на МАРКТ- www.markt.mk . На веб страницата на МАРКТ- www.markt.mk може да бидат поставени екстерни врски (линкови) преку кои може да пристапите кон веб-страниците на трети лица, кои не се предмет на оваа Политика за приватност. МАРКТ не е одговорен за содржините и практиките и работењето на овие веб-страници па затоа Ве советуваме да се запознаете со нивните политики за приватност. КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ - Лични податоци и информации кои Вие доброволно ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме за цели на членство во МАРКТ Програмата за лојалност и за добивање на промотивни пораки; - Информации кои се собираат при посета на веб страницата- www.markt.mk

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА

Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна исклучиво врз основа на Ваша согласност и за целта за која се собрани. Личните податоци кои ги прибираме се користат за да Ви овозможат да ја користите веб- страната – www.markt.mk како и за да Ви ги овозможиме регистрација за членство во МАРКТ Програмата за лојалност односно за издавање на МАРКТ картичка, пресметување и ажурирање на податоците и известување на субјектот за тековната состојба за користење на поволностите кои произлегуваат од членството.
При регистрација за членство Ви се нуди можност да дадете согласност за користење на Вашите лични податоци (e-mail адреса, телефон) за цели на директен маркетинг односно за да добивате информации за новости, промоции и акции во МАРКТ. Во секое време можете да ја повлечете Ваквата согласност, доколку поднесете барање или ја одберете опцијата “Opt out”, при што Вашата e-mail адреса и/или телефон ќе бидат отстранети од нашата база на податоци.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

МАРКТ презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, спречување на неовластен пристап или нивна злоупотреба. Личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите применливи прописи.
Личните податоците кои ги собираме се чуваат во период определен со закон или за периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

МАРКТ го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци на други лица или надлежни органи во случаи кога тоа се бара со закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка и/или за заштита на нашите интереси.

ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектот кој е регистриран како член во МАРКТ Програмата за лојалност има право да добие информации за категориите на податоци кои се обработуваат и за која цел, право на пристап, право на исправка во случај кога податоците се неточни или неажурирани, како и право на бришење на личните податоци, со поднесување барање до МАРКТ.
МАРКТ има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Друштвото еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од страна на Субјектот (член во МАРКТ Програмата за лојалност) во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на loyalty@markt.mk или на Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, личните податоци на Субјектот ќе бидат избришани, а МАРКТ картичката ќе биде поништена и ќе престане да важи.

ПРИФАЌАЊЕ И ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со посетата на веб страната- www.markt.mk како и со регистрација за учество во МАРКТ Програмата за лојалност, се смета дека се согласувате и ја прифаќате оваа Политика за приватност.
МАРКТ го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на МАРКТ - www.markt.mk

КОНТАКТ

Сите прашања, барање или предлози во врска со Политиката за приватност или со обработката на личните податоци, можете да ги доставите на следната e-mail адреса loyalty@markt.mk или по пошта на Бул. Партизански одреди бр. 25/2-12, Скопје.

Објавено на 31.01.2020