Чекор 1. Пополни апликација
Во МАРКТ Програмата за лојалност се пристапува бесплатно со пополнување и потпишување пристапница во некој од продажните места на МАРКТ или преку електронската апликација.
Во моментов МАРКТ картичките се издаваат единствено во електронска форма а погодностите
од МАРКТ Програмата за лојалност можат да се користат со наведување или приложување на
електронската картичка преку вашиот смарт телефон или преку наведување на серискиот број на Вашата МАРКТ картичка на каса во нашите продажни места.
Нивото на погодности кои Корисниците можат да ги добијат зависат од категоријата на
производи како и обемот на трансакции на Корисникот согласно графичкиот приказ даден
подолу:
Чекор 2. Стани член во рок од 24 часа
По поднесувањето на пристапницата односно по регистрацијата на нашата веб страна, во рок од 24часа ќе добиете e-mail/порака на контактот што сте го навеле, во која ќе добиете бар код и сериски број на Вашата МАРКТ картичка. Секој добиен поен претставува замена за еден денар, правилата и условите за нашата лојалти програма ви се прикажани при апликација за лојалти програма, но можете и да ги прочитате на следниов линк.
Чекор 3. Прикажи и добиј поени
Поените се собираат при секоја трансакција на продажните места на МАРКТ и се пренесуваат на Вашата лична сметка на МАРКТ картичката. При плаќањето на Вашата сметка треба да приложите електорнска верзија од вашата МАРКТ картичка (преку вашиот смарт телефон) или пак да го наведете бројот на вашата картичка. Нашиот вработен ќе ви ги евидентира добиените поени од таа трансакција.
Loyalty Level | Loyalty Requirements (average monthly spending) | Markt Menu Items * | Markt Fresh Products * | All other categories ** *** |
---|---|---|---|---|
Level 1 | 0 - 5000 MKD | 5% | 2% | 1% |
Level 2 | 5001 - 8000 MKD | 10% | 10% | 2% |
Level 3 | 8001 - 12000 MKD | 15% | 15% | 5% |
** Категориите за кои важи попуст дефиниран со "All other categories" се наведени подоле
Fruits & veggies | dairy, Breakfast and necessities | Snacks | Cooking groceries | Everyday & lifestyle | Fitnessfood | Superfood & vitamins | Sweet & healthy | Teas, herbs, Oils & spices | Nuts, seeds & grains | Meat & salami | alcohol | Personal & cosmetics |
Bread | Drinks |
Чекор 4. Искористи ги собраните поени
Со секое пазарење на вашата фискална сметка добивате информација колку поени сте добиле од трансакцијата како и салдо на поени.

Добиените поени ги гледате по знакот +, а преостанатите ги гледате десно од зборот салдо. Исто така можете да го проверите салдото на вашата картичка ОНЛАЈН. Со внес на вашиот код од лојалната картичка на https://markt.mk/loyalty-program , во секое време може да извршите проверка на тековната состојба односно поените на Вашата МАРКТ картичка.

Доколку неможете електронски да се информирате за поените на Вашата МАРКТ картичка тоа може да го сторите на каса во нашите продажни места.