За нашата храна

Квалитетот пред се

Ги користиме само најдобрите и најсвежите намирници и приготвуваме се во нашата кујна. Секој сос е направен по наш рецепт, без вештачки бои и без додадени вкусови. Една од најважните цели при готвењето е да ги задржиме хранливите состојки во секој оброк кој го приготвуваме, затоа нашата храна никогаш не е “over-cooked”, а оддамна сме заборавиле што е пржење.

Секогаш на време

Пронајдовме начин да ви припремаме и служиме квалитетна храна и да го правиме истото за исто време како рестораните за брза храна. Спремни сме да go “лансираме” вашиот оброк во секое време :) Просечното време на чекање за храна од менито на маркт е 7 до 10 минути.

Нашиот тим во кујна

Го искомбиниравме знаењето на нашиот шеф на кујна со знаењето на врвни нутриционисти за да го креираме нашето уникатно мени со цел да ја збогатиме вашата исхрана со неверојатно вкусна храна. Нашиот тим е посветен на стандардите за квалитет и константно се надоградува за да може на нашите клиенти да им овозможи побрза услуга со уште повисок квалитет. Во Маркт, веруваме во инвестирање во знаењето на нашите вработени и ќе продолжиме да го правиме истото со цел да ве изненадуваме со вкусни, а сепак висококвалитетни рецепти.

Мени прилагодено за секого

Веруваме во балансирана исхрана и нудиме многу начини за вие да ја постигнете вашата цел. Затоа, создадовме мени со храна за секого- без разлика дали сте веган, вегетаријанец, пескатеријанец, јадете кето, палео или сакате протеинска исхрана, ние сме тука за да го приготвиме вашиот вкусен оброк.

Специјална понуда

Комплетен оброк за двајца

Погледни Mени и Нарачај Онлајн

Изборот за типот на исхраната е ваш личен избор

Во денешно време, сите ние имаме конкретни потреби за исхрана, без разлика дали се производ на личен избор или производ на здравствени потреби. Маркт овозможува достапност на овие потреби во исхраната и тоа за кратко време и секогаш свежо подготвени. Избери го твојот совршено избалансиран оброк во согласност со твојата веганска, вегетаријанска, пескетеријанска, безглутенска или фитнес диета и дозволи ни на нас да се погрижиме за квалитетот и вкусот. Ние продолжуваме да додаваме се повеќе намирници од органско потекло во нашето мени, се со цел да ја направиме органската исхрана дел од нашето секојдневие.


Ја совладавме уметноста на приготвување “guilt-free” десерти

Бидејќи и ние сакаме да јадеме благи, пронајдовме начин да ги приготвуваме истите без шеќер кој го заменивме со природни шеќери од овошје или со природни засладувачи со низок гликемиски индекс, како што е сирупот од агаве. Ние приготвуваме повкусни, а сепак здрави верзии на вашите омилени десерти, правејќи ги Вегански, “Raw” или Високо протеински. Тајната на се ова…не се објаснува во неколку реченици, но резултатот е посебен нема додаден шеќер во ниеден рецепт, а секоја состојка е 100% природна :) Чувствувајте се слободно да уживате во Маркт десертите без да чувствувате грижа на совест.

Markt Everyday (Leninova) - 078 385 349
View it on Google Maps
Markt Kitchen - 078 423 815
View it on Google Maps
Погледни Mени и Нарачај Онлајн